Се чекаат јапонските вакцини против туберкулоза – Клековски очекува да пристигнат за околу десет дена
Сè уште се чека пристигнувањето на јапонските вакцини против туберкулоза во земјава. Министерот за здравство очекува тие да пристигнат за околу десет дена. Побара трпение и повтори дека нема здравствен ризик за новороденчињата доколку вакцинацијата се спроведе подоцна.



